| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо на обвинителна клупа, се терети за затајување данок од 14 милиони евра

Шпанското обвинителство денеска и официјално поднесе тужба до Кристијано Роналдо поради затајувањето данок во периодот од 2011 до 2014 година.

Медиумите во Шпанија објавија дека тужбата се однесува на затајување во износ од 14.768.897,40 евра. Весникот „Ел Паис“, цитирајќи еден од обвинителите, објави дека Роналдо искористил „мрежа создадена во 2010 година“, за да ги крие своите приходи од продажбата на имиџ-правата.

– Не станува збор за случајност, туку за криминални дејствија кои се извршени свесно и намерно – посочуваат од обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top