Кристијано Роналдо со години е веќе најдобар португалски играч и еден од најквалитетните на светот, но ретко дава коментари во однос на тоа кој играч би можел да го замени и да биде негов легитимен наследник.
Тоа „правило“ го прекрши и за „Газата Дело Спорт“ го посочи фудбалерот кој може да ги повтори неговите стапки и тоа е најновото засилување за калчолигашот Милан, Андре Силва.
-Кога ќе се повлечам Португалија ќе биде во добри раце зошто веќе имаат пронајдено добар напаѓач, Андре Силва -истакнал членот на Реал Мадрид.
Силва минатава сезона за Порто даде 21 гол на 44 натпревари, а тоа му овозможи токму денеска да дојде до трансфер во Милано и тоа за сума од 38 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.