Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до пратеничките групи го доставиле законското решение за продолжување на породилно отсуство, но сè уште нема никаков одговор од другите партии кои се дел од парламентарниот состав. Иако поминаа веќе неколку дена од доставувањето, пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците сè уште не се изјасниле и немаат никаков одговор во врска со позитивните законски измени кои беа поднесени и предложени од страна на група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за законско решение кое е идентично со предлог-законот кој што го поднесе граѓанската иницијатива потпишана од 217 мајки до Собранието на Република Македонија, а подоцна како неуредна беше одбиена на Комисијата за политички систем од страна на мнозинството предводено од СДСМ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до пратеничките групи на СДСМ, ДУИ и БЕСА, но и до Алијансата за Албанците уредно во писмена форма ги доставила измените на Законот за работните односи кои се однесуваат на продолжување на породилното отсуство за идните мајки.
Имено, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата која ја одржаа пред неколку дена уште еднаш ги повикаа пратеничките групи да се изјаснат и да ги поддржат овие законски измени со кои ќе се излезе во пресрет на барањата на идните мајки. Затоа, како што велат тие, токму во преку оваа ситуација ќе се покаже дали парламентарното мнозинство навистина ќе се грижи и ќе работи во интерес на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)