Канцеларијата на турскиот Државен обвинител во Анкара денеска соопшти дека рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, лани беше убиен по налог на приврзаници на терористичката организација (ФЕТО), на чие чело се наоѓа турскиот верски проповедник стациониран во САД, Фетула Ѓулен, објави турската телевизија НТВ.
Во соопштението се наведува дека сторителот на убиството од декември минатата година, турскиот полицаец, Мевлут Мерт Алтинтас, имал контакти со најмалку петмина членови на ФЕТО.
Според наводите на иследниците, Алтинтас се сретнал со еден од членовите на оваа организација во хотел со пет ѕвездички на Кипар, каде добил упатства како да го убие рускиот амбасадор.
Амбасадорот Карлов беше убиен од пиштол додека држеше говор на отворање на изложба на фотографии, а напаѓачот, според тврдења на турските власти, веднаш беше убиен од припадници на безбедносните сили.
Руското Министерство за надворешни работи убиството на Карлов го прогласи за терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа