| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Димитров за „Фајненшел тајмс“: Македонија размислува да го смени името за влез во НАТО

Македонија размислува за можноста да го смени името, во обид да го одблокира грчкото противење за членството во НАТО, изјавил според „Фајненшел тајмс“ министерот Никола Димитров во интервју за весникот.

Димитров најавил дека со грчкиот министер Никос Коѕијас ќе се сретне в среда:

-Ќе побарам од Грција да размисли каков вид на сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја што нуди надеж за демократија и правда. Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса – изјавил тој во интервјуто.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека владата на СИРИЗА ја поздрави новата влада во Скопје како покооперативен партнер од претходната.

– Ова прашање е на маса повеќе од две децении и би било избрзано да се прават какви било предвидувања – оцени Коѕијас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top