Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов пораз во квалификациите за Светското првенство, а овој пат бевме немоќни против силната селекција на Шпанија која дојде до триумф од 1-2.
Шпанците имаше комплетна доминација во првото полувреме кога ја направија разликата од 2 гола и кога речиси сите 45 минути се играа на нашата половина. Мрежата на Димитриевски се тресеше по само 15 минути игра кога по асистенција на Алба, Давид Силва го измами Шиков и постигна лесен гол за водство на Шпанија од 0-1. Водството го дуплираше Д.Коста кому не му беше тешко да погоди по влезот на Иско од десната страна.
Македонските навивачи ги израдува десниот бек на Ријека, Стефан Ристовки, кој по еден соло продор со силен удар постигна фантастичен гол и намали за конечни 1-2. Со оваа победа Шпанија го продолжи трендот против Македонија и во седмиот меѓусебен натпревар ја забележа седмата победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)