Рафаел Надал продолжи да испишува нови страници во тениската историја станувајќи прв тенисер што успеал да стигне до десет трофеи на еден гранслем турнир. Ролан Гарос отсекогаш важел за омилен турнир на Шпанецот, кој со денешниот триумф на Станислас Вавринка од 3-0 во сетови стигна до својата десетта круна во Париз, со неверојатен скор од 79 победи и само два порази во своите настапи низ годините на овој гранслем турнир.
Вавринка играше одличн во досегашниот дел од Ролан Гарос, но ниту Швајцарецот не успеа да го запре супер-расположениот шпански ас, кој до овогодинешната титула стигна без ниту еден загубен сет. Вавринка имаше можност за брејк при 1-1 во првиот сет, а откако не ја искористи Шпанецот целосно ја презеде контролата. По 2-2 во гејмови Надал освои дури седум гејма во низа, па по 6-2 во првиот, набрзина поведе и со 3-0 во вториот сет Остатокот од средбата беше рутина за Рафаел Надал, кој најпрвин го доби сетот со 6-3, потоа во третиот набрзина направи брејк, за триумф со конечни 6-2, 6-3, 6-1.
When you're not even looking but you hit an amazing winner…
Un peu de magie ? C'est parti ! #RG17 pic.twitter.com/4bZuEVVTbS
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 11, 2017
Оваа победа придонесе Надал да скокне на втората позиција на АТП-листата зад Енди Мареј, Вавринка останува треторангиран светски тенисер, додека Ѓоковиќ по загубените бодови (откако лани го освои Ролан Гарос) ќе падне на четвртото место на утрешното рангирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


