Тереза Меј е „политички мртовец“, изјави денеска во интервју за националниот сервис, поранешниот британски министер за финансии Џорџ Озборн.
Озборн кој беше шест години министер во двете влади на премиерот Дејвид Камерон, кога Меј беше министер за внатрешни работи, верува дека „веќе во текот на следната недела“ може да биде покренат процес за изгласување недоверба како партиски лидер на актуелниот лидер на Конзервативната партија и мандатар за нов премиер на Британија и за нејзино сменување.
Поранешниот министер и еден од тогашните претенденти за наследник на Камерон, тврди дека во редовите на конзервативците владее „исклучително гневна атмосфера„ поради неуспехот на ториевците на изборите од 8 јуни, на кои партијата која имаше комотна предност пред опозициските лабуристи, го загуби мнозинството во Долниот дом на Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.