| четврток, 6 декември 2018 |

Идризи јавно го прашува Заев: Дали размислувате дека албанските партии може да излезат од коалицијата со вас?

Почнаа гласно да се слушаат барањата на албанскиите политичари насочени кон премиерот Зоран Заев. Тие бараат да си стои на дадените ветување, да почне да ги реализира и да не отстапува од истите. И членови од ДПА деновиве со реакција за интервјуто на Заев, од пред неколку дена кога тој гостуваше на Македонската радио телевизија. При гостувањето тој рече дека македонската влада на следното гласање за членство на Косово во УНЕСКО ќе биде неутрална, пишува ВЕСТ.

Остри реакции упати Муртезан Идризи, кој од Демократската партија на Албанците (ДПА), за време на локалните избори во 2013 година, бил кандидат за градоначалник на општина Липково. Тој поради изјавата на Заев: „Јас ќе бидам неутрален за приемот на Косово во УНЕСКО“, директно го прашува: „Како ќе се чувствува премиерот, ако албанските партии ги спуштат палците од коалицијата со вас?„

-Дали сериозно сте размислите дека вас во оваа држава Албанците ве донесоа на власт. Дали сте размислиле дека со една непромислена изјава, на прво место сте ги потцениле Албанците во Македонија што ви ги дадоа гласовите, а потоа и политичарите што пружија рака за соработка во Владата со вас? Верските објекти се исти во целиот свет. Но, за премиерот на Македонија, српските цркви во Косово се културно наследство…. но, не ја слушнавме неговата изјава за срушената џамија во Србија. Колку гласови си добил од луѓето на џамијата господине премиер?, праша Идризи за телевизија Коха.

Ејуп Алими од ДУИ ја коментираше изјавата на премиерот Заев во однос на ставот на новата влада за членството на Косово во УНЕСКО. На својот фејсбук профил Алими напиша „секој што зборува за опозицијата на Косово, дури и против нејзиното членство во меѓународните организации како што е УНЕСКО, зборува против сите Албанци, каде и да се, зборува против НАТО и Европската Унија, против САД“.

Политичкиот аналитичар Валон Бела, пак,  реагира на односот на македонскиот премиер кон приемот на Косово во УНЕСКО. Тој неодамна го праша Заев со кого е на власт, дали во Албанците или со Србите, алудирајќи на најавата дека Македонија ќе биде воздржана на гласањето Косово да биде примено во УНЕСКО.

Заев сега вели дека гласањето е во корист на Косово и дека Македонија ќе гласа во корист на иднината на Косово. Прашањето до Заев е, со кого тој владее, со Албанци или со Срби? Освен можеби ако Албанците биле во опозиција како губитници на изборите во 11 декември. Македонските Албанци дадоа толку многу за Косово не штедејќи го дури и животот. Со оваа изјава Заев ќе го смири новиот претседател на Србија, Александар Вучиќ кој на вечерта на премиерите во Брисел рече оти се надева дека Заев ќе се држи до договорот во односите меѓу Македонија и Косово, изјави Бела за Тетова Сот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top