| четврток, 6 декември 2018 |

Лука Циндриќ доби кралски пречек во родниот Огулин (видео)

Ракометарите на Вардар беа пречекани како никој досега на плоштадот „Македонија“ поради освоената титула во Лигата на шампионите, а кралски пречек доби и Лука Циндриќ, вардарецот кој даде гол за победа во полуфиналниот меч со Барселона.

Бекот на вардарци беше пречекан на фантастичен начин во неговиот роден град Огулин. Илјадници луге излегоа на улица да го поздрават европскиот шампион и да му дадат грмогласен аплауз.

– Кога се вративме во Скопје, дури тогаш станавме свесни што всушност ние направивме. Едвај го преживеав тоа – раскажува Циндриќ во Хрватска.

За Циндриќ наредната сезона ќе биде последна во Вардар. Од 2018 година тој се сели во Киелце, со кого потпиша тригодишен договор. „Малиот“ ракометар кој беше потценуван низ кариерата поради неговата висина го крена европското злато со „црвено-црните“ и на Македонија ѝ донесе историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top