Да се биде фудбалски навивач е посебна страст. особено ако фудбалот и не е најсилната страна на спортот во твојата земја.
Малта отсекогаш била на дното на фудбалските ранг листи, па затоа за воодушевување е кога тимот има жесток верен навивач.
Малтешката репрезентација го пофали својот единствен навивач кој да ја бодри својата селекција на гостувањето во Словенија., Малтежаните важат за тотални аутсајдери на оваа средба, што беше причина за незаинтересираност на фановите на оваа репрезентација за пат до Љубљана. Но тоа не беше случај со овој навивач, кој „ужива“ во ВИП третманот, сам на цела гостинска трибина.
„Вистински навивач“ – се пофали Фудбалската Федерација на Малта со овој свој фан преку официјалниот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.