Британската премиерка Тереза Меј остана без двајца свои соработници. Тие денеска поднеле оставки откако Конзервативната партија на изборите не се осигура со мнозинство во Парламентот. Според интернет сајтот на партијата, оставка во петокот дал Ник Тимони, еден од шефовите на кабинетот, а оставка поднела и Фиона Хил.
Причината за разочарувачкиот резултат не е отсуство на поддршка за Меј и конзервативците, туку неочекуваниот раст на поддршката на лабуристите, објаснува Тимони.
Според аналитичарите, многу конзервативци ги обвинуваат токму Тимони и Хил за лоша кампања и непопуларна изборна платформа.
Меј се очекува денеска да го заврши процесот на составување малцинска конзервативна влада која е значително ослабната девет дена пред планираниот старт на преговорите за Брегзит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.