| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен терорист, подготвувал напад

Британската полиција денеска уапси уште едно лице, осомничено за учество во терористичкиот напад во британската престолнина на 3 јун

Маж на возраст од 27 години е уапсен во неговиот дом во Илфорд. Моментно во притвор се наоѓаат уште 5 лица а 12 се ослободени без да се покрене обвинение против нив.

Нападот на Лондонскиот мост можел да биде уште посмртоносен, соопштува британската полиција.

Еден од извршителите на акцијата Хурам Бут, првично се обидел да најми 7,5 тонски камион, сличен на оној што бил употребен во нападите во Ница, минатата година кога беа убиени 86 луѓе.

Антитерористичкиот оддел во Лондон, смета дека е спречена поголема трагедија, со оглед на тоа што напаѓачите не успеале да обезбедат голем камион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top