| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен боречки турнир „Македонски бисер“ во Штип

Во штипската спортска сала „Јордан Мијалков“ се одржува меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“.

Борбите меѓу борачите од 12 земји се почнати, а свеченото отварање е закажано за доцна попладне. Претседателот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, Бетим Вренези вели дека штипскиот боречки клуб „Балканец“ како технички организатор овозможил одлични услови за одржување на овој познат меѓународен турнир.

– Тука учествуваат 12 земји, околу 50 борачи. Имаме квалитетни борачи што учествуваат од Романија со медаљи од европски првенства, од балкански, медитерански превенства… Презадоволни сме од учесниците кои се тука, вели Врнези.

Тој истакна дека годинава на „Македонски бисер“, селекторот на македонската репрезентација за борење одлучил да настапи со млад тим, со цел да им се даде шанса за да остварат резултати за учество на Олимпијадата во Токио во 2020 година.

– Од оваа генерација полека очекуваме да извадиме норма за да можат да учествуват на Олимпијадата за 2020 година, рече Вренези.

Тој најави дека новиот тим на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, повторно ќе му го врати сјајот на овој спорт, а, како што рече, македонските борачи ќе ги донесуваат највисоките светски и олимписки награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top