Со оглед на тоа што големиот тениски грен слем турнир „Ролан Гарос“ се ближи до својот крај, ни пристигнуваат изненадувања едно по едно. Меѓутоа, за најновиот скандал во Париз не е заслужен никој од светот на тенисот, туку една скијачка.
Линдзи Вон (32), некогашниот светски првак во алпско скијање, во друштво на нејзиното момче Кенет Смит го посетила Отвореното првенство во Париз, и тоа во какво издание! Таа се појавила, благо речено, во несоодветна комбинација – во тесна темносива деколтирана блуза и свилено здолниште со неверојатно длабок шлиц.
Било тешко да се гледа Линдзи како се бори со облеката која самата ја одбрала, па прашање е колку видела од она што се случуваше на теренот помеѓу Стен Вавринка и Енди Мареј. Сепак, таа не запрела тука, туку во исто издание гостувала и во позната емисија кај поранешниот тенисер Матс Виландер.
Линдзи се обидувала цело време да изгледа опуштено, но едноставно тоа било невозможно, бидејќи цело време морала да се грижи за своето меѓуножје и да го покрива со раката за да не го видат милионите гледачи пред малите екрани.
Во секој случај, ако нејзината цел била да привлече внимание, дефинитивно успеала во тоа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.