| четврток, 6 декември 2018 |

Ибра заминува од „Олд Трафорд“

Златан Ибрахимовиќ најверојатно нема да биде дел од Манчестер Јунајтед во следната сезона, откако клубот не му понуди нов договор на играчот, па така шведскиот фудбалер ќе замине од „Олд Трафорд“.

Ова стана јасно откако Премиер лигата денеска го објави списокот на играчи кои се под договор со клубовите.

Ибрахимовиќ со Манчестер Јунајтед лани при доаѓањето потпиша едногодишен договор со опција за продолжување на соработката. Но, тој во април го повреди коленото и тешко е да се очекува дека ќе се врати на теренот пред почетокот на 2018 година.

Ибрахимовиќ за „црвените ѓаволи“ одигра 46 натпревари во сите натпреварувања и постигна 28 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top