Породилното отсуство од девет месеци е кус временски период по кој мајката треба да го остави детето и да замине на работа. Ова посебно се однесува на деца родени со аномалии.
– Затоа наместо 9, бараме 18 месеца породилно отсуство – вели Снежана Кузмановска, една од иницијаторите да се продолжи периодот на породилно отсуство. Но при поднесувањето на текстот до собранието, пратениците на СДСМ го отфрлија предлогот, како неуреден.
За камерата на ТВ НОВА таа зборува за причините поради кои иницијативата беше одбиена.
Нема да се откажеме од нашите барања и да застанеме тука. Следната недела поднесуваме уште една иницијатива за продолжување на породилното отсуство. Ќе ги собереме потребните потписи и повторно ќе ја поднесеме до собранието – најави младата мајка.
Еден од аргументите против продолжување на отсуството беше дека жената ќе ги загуби своите работни навики. Кузмановска не се согласува со ова.
Со цел да им се помогне на мајките кои одново треба да ја повторуваат целата постапка до Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија најавија дека ќе ги поднесат неопходните измени на Законот за работни односи што се однесуваат на породилното отсуство.
Актуелниот закон за работни односи предвидува работничката за време на бременост, раѓање и родителство да има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) 15 месеци. Истото важи и за оние работички кои ќе посвојат дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)