| четврток, 6 декември 2018 |

Во текот на летото внимавајте на ова: Го пуштиле детето во езеро, по неколку часа починало во големи маки

Франциско Делдаго од Тексас отишол со своите родители на излет, а тие го пуштиле со гума во езеро. Иако се изгледало нормално, 4-годишното дете откако се вратило дома, почнало да се жали на болки во стомакот. Неговите родители мислеле дека се работи за стомачен вирус, но вистината била пострашна.

Повраќањето не престанало, па тие се загрижиле. Ден подоцна детето се разбудило со болки во рамената и зглобовите, и за жал починало.

Лекарите контатирале дека тој е еден од ретките случаи кои починале од “Давење на суво”, и главно се случува на мали деца поради кревкото тело и водата. Водата не доаѓа до белите дробови, но гласните жици се стегаат, а дишните патишта се затвараат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top