Шампионот на Ролан Гарос од 2015 година, Швајвцарецот Стан Вавринка, е првиот финалист на годинашново Отворено тениско првенство на Франција, откако во првото полуфинале го совлада првиот носител и лански финалист Енди Мареј од Велика Британија.
Во маратонски меч, што траеше 4 часа и 34 минути, Вавринка беше подобар во пет сета со резултат 6-7, 6-3, 5-7, 7-6, 6-1.
Мареј во два наврати водеше со 1-0 и со 2-1 во сетови, но Вавринка успеваше да се врати резултатски и во решавачкиот сет беше доминантен и се избори за свое второ финале на Ролан Гарос.
Вавринка в недела во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале кое е во тек, а играат Рафаел Надал од Шпанија и Доминик Тим од Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.