| четврток, 6 декември 2018 |

Брејвик си го смени името

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик го смени името во Фјотолф Хансен. Ова го направи еден ден откако Врховниот сум на Норвешка му ја одби жалбата на овој неонацист кој имал забелешки на „нехуманите“ услови во затворот.

Неговиот адвокат не сакаше да открие зошто тој го променил името.

Брејвик, во јули 2011 година, облечен како полицаец, уби 69 лица, најмногу тинејџери на еден остров Утоја, каде што се одржувал камп на Лабуристичката партија на Норвешка. На овој напад му претходеше уште еден во кој Брејвик уби осумина пред зградата на Владата во Осло.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top