Британскиот весник “Дејли мејл” го поврза пукањето во баварската престолнина со 5-годишнината од двојниот терористички акт во Норвешка, извршен од крајниот шовинист Андерс Брејвик.
На 22 јули 2011 норвешкиот десен радикал Андерс Брејвик детонираше експлозив пред владината зграда во центарот на Осло, при што загинаа 8 лица, а 200 беа повредени. Неколку часа подоцна тој го отвори пукањето во младински камп на островот Утој, при што беа убиени 69 и ранети 66 лица.
Терористот самотиник ги смета левичарските политичари за главна причина за голем дел од социјалните проблеми на земјата. Тој беше осуден на 21 години затвор со можност за продолжување на казната. Ова е најтешката казна согласно норвешкото правосудство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.