Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во игра на двојки на ВТА турнирот вреден 115.000 долари на Бол, Хрватска.
Ѓорческа, заедно со својата партнерка Александрина Најденова од Бугарија, во четвртфиналната пресметка славеа против српско-бугарската комбинација Јоровиќ/Костова убедливо со 6-2,6-4.
Претходно, Ѓорческа беше елиминирана во второто коло на турнирот во поединечна конкуренција токму од Јоровиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.