Легендарниот, Роџер Федерер, по проблемите со повредите на почетокот на оваа година се врати на тенискиот терен и за краток период ја уништи конкуренцијата на Австралија Опен, Индијан Велс и Мајами. По триумфите на овие престижни турнири, Федекс одлучи да направи пауза и да не настапи на ниту еден турнир на земјена подлога, вклучувајќи го и вториот Грен слем, Ролан Гарос.
Сега сигурно сите навивачи на швајцарскиот ас со нетрпение го очекуваат враќањето на терените, а тоа ќе се случи на 12 јуни, кога швајцарскиот ас ќе го одигра првиот меч на турнирот во Штутгарт по пауза од повеќе од два месеца. После турнирот во Германија, Федерер ќе игра и во Хале, каде освои осум титули, па потоа следи настапот на Вимблдон.
По одличните настапи оваа сезона 35-годишниот Федерер се врати меѓу најдобрите тенисери на АТП листата и е на петтото место, а ако продолжи со ваквите игри ништо чудно по подолг период да се врати на тронот на светскиот машки тенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.