| четврток, 6 декември 2018 |

„Реформаторите“ поздравени од Заев и промовирани од медиумите со пари на Сорос и УСАИД

Стравот од силно ВМРО-ДПМНЕ пред претстојните зафати поврзани со обезличување на македонската нација и распродажбата на државните и национални интереси, кои се планирани по поставувањето на квинслишката власт во Македонија, сега сценаристите повторно се обидува да чепкаат во најголемата партија, која единствено цврсто остана на своите ставови во оваа повеќегодишна надворешна интервенција со единствена цел – смена на името и идентитетската посебност на македонскиот народ.

Оваа група нема поддршка од членството туку од други фактори, кои сакаат да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ. Вакви најави, впрочем, протекоа токму од извртените мајстори на квинслишката медиумска групација, која пред неколку години ги промовираше и Никола Димитров како реформатор со т.н. „Амстердамска тројка“ или, пак, демократот Кекеновски, чиишто резултати ги гледаме. Ниту добија поддршка, ниту, пак, имаат некакво влијание. Освен лично, како Димитров, што сега е министер кој е поставен за спроведување на сценариото.

Овие „реформатори“, богатејќи се на грбот на членството што работи за идеологијата, веројатно сега одработуваат агенда, која повторно ќе им донесе удобен живот без труд и работа. Сметаат дека овој начин повторно ги стави во фокусот на вниманието, што повторно ќе им овозможи луксузи и елитни забави со амбасадори.

Мноу е интересно што до пред десетина дена, членовите на оваа група беспоштедно ги поддржуваа политиките и движењето на ВМРО-ДПМНЕ, без да имаат каква било забелешка на „демократијата“ или донесените одлуки и решенија. Таа потреба се јави кога се соочија дека ќе останат без бенефитите.

Уште поинтересно, оваа група ја има истата медиумска поткрепа од истите медиуми на Соросовиот спин- центар, како „Фокус“, „Макфакс“ и другите медиуми со ист уредник и извор на пари. Откако беа промовирани, сега добија и претставување со нивните биографии, односно ист третман како кабинетот на Заев.

Притоа, денеска добија честитка и поддршка и од партијата на Заев, каде што ги оценува како „чесни и совесни“

– Чесните членови, активисти и политичари во ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од криминалното раководство предводено од Груевски, за да можат како опозиција совесно и конструктивно да дејствуваат во интерес на граѓаните и да се вклучат во реформските процеси за доброто на граѓаните и државата – пишуваат од штабот на „Павел Шатев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top