| четврток, 6 декември 2018 |

Не е играчка, ова е „Peel“P 50 (Видео)

Британскиот производител „Peel“ во 60­тите година на минатиот век изработуваше некои од најмалите автомобили во светот, а еден од ретките сочувани примероци наскоро ќе биде понуден на продажба.

Пасионираните гледачи на серијата „Top Gear“ сигурно ја помнат урнебесната епизода кога водителот Џереми Кларксон го возеше најмалиот автомобил во светот, моделот „Peel P50“:

Сепак, овој модел не беше единствениот што излезе од работилницата на компанијата „Peel Engineering“, чие седиште се наоѓа на познатиот остров Ман, познат по авто и мото трките.

Потоа следеше уште еден минијатурен автомобил наречен „Триден“ (Trident).

„Пил тридент“ (Peel Trident) теоретски беше двосед, но во него поради тесниот простор практично имаше место само за едно возрасно лице.

Тој беше рекламиран како „возило што дава удобност во автомобилот по цена на скутер“.

За погон користеше мотор за скутер, поточно мотор од 49 ссм зафатнина што на „Тридент“ му овозможуваше да развива максимални 61 километри на час, бидејќи повеќе од тоа и не беше безбедно.

За пренос на силата беше употребуван менувач со три брзини, но без рикверц, па при паркирање наназад, возачот мораше да излегува и да го турка возилото до паркинг местото.

Според фабричките податоци, овој мини­автомобил трошеше во просек 2,8 литри на 100
километри.

Примерокот на „Тридент“, што се гледа на фотографијата, ќе се најде на аукција на 18­19 август Монтереј , во Калифорнија, во организација на аукциската куќа „Сотби“, а станува збор за целосно реставрирано возило произведено во 1965 година со број на шасија Е185.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top