Екстремистите од движењето Ал Шабаб убија вчера најмалку 38 лица, претежно војници во напад врз воена база во сомалискиот полуавтономен регион Пунтланд, соопшти воен претставник.
Нападот се случил, откако исламистите од Ал Шабаб го презедоа градот Аф Урур.
Воениот претставник потврди дека се убиени 38 лица, а ранети се 18.
Според него исламистите заробиле и однеле со себе одреден број војници.
Нападот следеше неколку дена откако во Пунтланд петмина припадници на Ал Шабаб, кој е поврзан со Ак Каеда, беа осудени на смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најмалку двајца загинати и 24 повредени во нападот во Лас Вегас
-
Терорист убил две жени во Марсеј: Викнал „Алах Акбар“ и ги избол со нож
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак
-
На ретровизорот на „мерцедесот“ биле закачени боксерски ракавици – детали за стравичното убиство на Србите на Велигден!