| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Путин: „Немам лоши денови, бидејќи јас не сум жена“ (Видео)

Оливер Стоун добил дозвола од лидерот на Русија да го следи во чекор и да го снима додека тој ги извршува своите секојсневни активности.

Документарниот филм “The Putin Interviews“ кој трае четири часа, а кој го направил режисерот Оливер Стоун, дава целосна слика за тоа како изгледа секојдневниот живот на рускиот претседател Владимир Путин.

Документарецот е сниман во периодот од јули 2015 до февруари оваа година, а Оливер Стоун добил дозвола од првиот човек на Русија да го следи во чекор и да го снима додека тој ги извршува своите секојсневни активности.

Путин во еден момент во интервјуто рекол дека како претседател на Русија нема слободен ден, но и додал една реченица која на многумина нема да им се допадне.

-Немам лоши денови, бидејќи јас не сум жена, му рекол Путин на Стоун додека се шетале во Кремљ. „Не сакам да навредам никого, но таква е природата. Постојат одредени природни циклуси“, изјавил претседателот на Русија.
Во трејлерот за документарниот филм може да се види како Путин на мобилен телефон му покажува на Оливер Стоун акција во која очигледно руски авион погодува некои цели, а Стоун го дочекал и на натпревар во хокеј во кој играл и Путин.

-Немојте само да ме гледате, за мене морате и да навивате, рекол Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top