Зоран Заев и владата на Република Македонија не определија средства за награда на ракометарите на Вардар.
Иако досега репрезентации и екипи за големи успеси беа наградувани, ракометарите на Вардар, не добија такво внимание од новата влада.
Не се случи ниту понуда од страна на владата за пречек на нашите шампиони од Келн, таа обврска ја презеде Град Скопје. Единственото нешто што хероите добија од Заев беше прием, вода, кафе и сок. Додека тој од клубот доби златен медал и секако дрес со боите на Вардар. И додека Заев и владата ги пречекаа вардарци со „змија во џебот“ нашите шампиони покажаа широко срце и почит кон институцијата Влада на Република Македонија споделувајки спомен од својот успех, успехот на целата држава.
Ракометарите не се воздржуваа ниту од изјави дека се горди што на Македонија и ја донесоа оваа титула.
Иван Чупиќ, човекот кој го постигна историскиот гол, на прославата на плоштадот Македонија рече дека е горд што е Македонец, а сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко со длабок поклон кон македонскиот народ изјави дека неговото срце чука надвор од срцето, токму поради љубовта, поддршката, енергијата која тие ја чуствуваат од целата македонска јавност. Тој шампионската титула ја посвети на целата држава.
Наградата од Владата за овој успех на Вардар која никогаш не дојде немаше воопшто да им ги промени животите на добро платените ракометари на црвено-црните, но ќе беше добар гест за да се покаже дека покрај тоа што Вардар има однос кон државата, и државата има однос кон Вардар, гордоста на цела Македонија.
Сепак дека има херои меѓу политичарите покрај Коце Трајановски, докажа и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кој на сите ракометари им додели орден За заслуги за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.