| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит за повлекувањето на САД од Климатскиот договор: Станува се потопло, нема иднина (Видео)

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени, социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари и шеги на негова сметка.

Прв од славните личности кој јавно реагираше на претседателската одлука беша актерот Бред Пит.

Тој во „Шоуто на Џим Џефрис“ се појави како водител на временска прогноза, соопштувајќи дека САД се повлекле од Парискиот договор и ги објасни последиците по животната средина од таквата одлука.

Стоејќи пред картата на светот обоена во црвено во сите делови, Пит покажувајќи на некои делови рече: „Ќе биде уште потопло, малку овде, малку онде“.

Водителот Џефрис, кој изгледаше помалку шокирано од прогнозата за времето, потоа го праша Пит за предвидувањата за во иднина.

– Нема иднина, одговори актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top