Челните луѓе на италијанскиот гигант Милан очигледно се решени да го вратат тимот онаму каде што му е местото, на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. По доведувањето на Мусакио од Виљареал и Кеси од Аталанта, денес по медицинските прегледи треба да биде потпишан договор и со Рикардо Родригез.
Играчот на Волфсбург од синоќа е во Милано, а денеска од рано наутро започнати се медицинските прегледи. Германскиот тим од трансферот на Родригез ќе добие 15 милиони евра, со можност од дополнителни 3 милиони, во зависнот од успесите на тимот. Швајцарецот со тимот од „Сан Сиро“ ќе потпише четиригодишен договор.
– Ќе го дадам максимумот за овој голем клуб. Разговарав со Монтела и среќен сум што ќе бидам дел од овој нов проект – се првите зборови на Родригез.
Следен играч кој треба да пристигне во Милано е Лукас Биглиа од Лацио, кој треба да потпише тригодишен договор според кој годишно ќе заработува по 3,5 милиони евра. Како обештетување на сметката на тимот од Рим треба да легнат околу 25 милиони евра, што навистина не е мала сума за фудбалер кој има 31 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)