| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: СДС од ВМРО-ДПМНЕ затекува држава на стабилни нозе, полна буџетска каса и јасно трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО

Граѓаните се сомневаат во европскиот капацитет на Владата на СДС водена од стари истрошени кадри, на чело со аболициран криминалец Заев, човек фатен на дело во повеќе криминални активности, за кои бега од кривичен прогон разрешувајќи го обвинителот на обвинителството кое го гони

СДС од ВМРО-ДПМНЕ затекува држава на стабилни нозе, полна буџетска каса и јасно трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО, смета ВМРО ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се вели дека Зоран Заев сега ја води владата на Република Македонија и има одговорност да ги реализира ветувањата што им ги даваше на граѓаните.

„Граѓаните од него очекуваат да ја внесе Република Македонија во ЕУ и во НАТО без да засега во идентитетските прашања и без да прави штетни договори на грбот на македонскиот народ. Секој студен туш и секој неуспех на Заев во реализација на ветувањата е студен туш и неуспех за државата. Обидот на СДС да глуми опозиција, да измислува оправдувања и да дефокусира пласирајќи лажни вести и лажни обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ не им помага на граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше прва Влада во Република Македонија што успеа да ја приближи државата до конечната цел – станување полноправен член на ЕУ и на НАТО“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби целосна препорака за почнување на преговори за членство во ЕУ во 2009 година и беше пред портите на НАТО на самитот во 2008 година, кога од општо познати причини остана надвор од структурите на организацијата, иако ги има исполнето сите критериуми за влез“ се вели во соопштението на партијата.

Од партијата велат дека СДС од  ВМРО-ДПМНЕ затекува држава на стабилни нозе, полна буџетска каса и јасно трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО.

„За разлика од сега, ВМРО-ДПМНЕ од СДС  наследи празен буџет, држава на клекнати нозе со 38% невработеност и со закочен пат кон ЕУ.

Граѓаните се сомневаат во европскиот капацитет на Владата на СДС водена од стари истрошени кадри, на чело со аболиран криминалец  Заев, човек фатен на дело во повеќе криминални активности, за кои бега од кривичен прогон разрешувајќи го обвинителот на обвинителството кое го гони“, пишува во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top