| четврток, 6 декември 2018 |

Безживотно женско тело пронајдено на брегот на Брегалница во Штип

Безживотно женско тело вчера околу 6:50 часот било пронајдено на брегот на реката Брегалница во близина на бањата Кежовица, Штип, информираат од полицијата.

По извршениот увид на лице место утврдено било дека се работи за 61 годишната штипјанка А.Б.

Смртта била констатирана без траги на насилство, а во консултација со јавен обвинител телото на починатата жена било предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top