| четврток, 6 декември 2018 |

Во македонската пресметка во Бундес лигата славеше Миркуловски

Во „македонскиот“ дуел во Бундес лигата, Филип Миркуловски со екипата на Вецлар на домашен терен го победи старо-новиот шампион, Рајн Некар Левен во чиј состав се Дејан Манасков и Филип Талески.

„Лавовите“ од Манхајм уште во претходното коло веќе ја обезбедија новата шампионска титула и овој пораз не им значеше ништо во конечниот пласман. Многу поважни бодовите од овој дуел се за Вецлар кој на едно коло пред крај ја осигура шестата позиција на табелата.

Решавачката предност, Вецлар ја обезбеди во второто полувреме во кое иуспеа да направи компетен пресврт. Рајн Некар Левен беше во водство во поголемиот дел од првото полувреме кое на крај заврши со нерешен резултат (15-15). Вецлар на стартот од второто полувреме направи серија од 3-0 и потоа успеаја да ја задржат позитивата до крај.

Филип Миркуловски постигна еден погодок и имаше една асистенција за Вецлар во чиј состав прв стрелец беше Филип Вебер со осум погодоци. Кај Рајн Некар Левен, Дејан Манасков запиша пет гола, а Филип Талески беше стрелец на еден гол. Анди Шмит го предводеше нападот на гостинскиот тим со шест гола.

Во последното коло од Бундес лигата, на 10 јуни, Вецлар му гостува на Фленсбург, а Рајн Некар Левен го пречекува Мелсунген. По завршувањето на овие дуели и клупските обврски во Германија од понеделник тројцата репрезентативци ќе и се приклучат на македонската репрезентација во подготовките дуелите со Украина и со Чешка во квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top