Историскиот успех на македонскиот и сега европски ракометен шампион Вардар, предизвика незапаметен интерес кај домашната јавност, „гладна“ за спортски успеси на меѓунроден план, оценуваат странските медиуми, а официјлната интернет страница на финалниот турнир повикувјаќи се на податоците за гледаноста на финалниот натпревар заклучува дека „ракометот ја излуде Македонија“
Во опширниот извештај посветен на „фајнал-фор“ турнирот на 3 и 4 јуни во Келн, на кој триумфираше скопски Вардар, особено се апострофира фактот дека целата „Република Македонија беше зафатена од ракометнтата треска и во текот на викендот“ кога целата нација ја следеше судбината на својот врвен тим.
Се одбележува дека телевизискиот партнер на VELUX EHF FINAL4, јавниот дифузер МРТВ презентираше податок дека игрите на Вардар пред телевизорите ги приковале милион луѓе, што е незапаметена бројка, којашто далеку ги надминува показателите кога станува збор за најгледаните емисии на македонските телевизиски канали – турските сапуници.
Исто така, повикувајќи се на процените на странските медиуми, во споменатиот извештај се наведува дека околу 150.000 луѓе се собраа во вторникот на централниот плоштат на македонската престолнина, за да го поздрават новиот европски владател – ракометарите на Вардар. Што е истовремено најголемото спортско клупско достигнување на земјата, според извештајот на EHF Marketing GmbH.
Исто така, се оценува дека станува збор за еден од најдраматичните турнири во ова натпреварувње кога Вардар во неколку секунди успеа да ги совладата најторфејниот ракометен колектив на каонтинентот Барселона во полуфиналето и најскапиот ракометен клун во Европа, Пари Сен Жермен во финалниот дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.