Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски се уште не стигнал до Советот на јавни обвинители, изјави претседателот Петар Аневски, кој не сакаше да каже дали ќе биде позитивно или негативно додека не го види образложението, но најави дека Советот на јавни обвинители ќе се произнесе во законскиот рок.
На седницата на Советот на јавни обвинители присуствувал и обвинителот Марко Зврлевски, а на неа бил разгледуван извештајот за работата на Обвинителството на организиран криминал за обвинителите на кои им престанал мандатот, а биле прераспоредени во тоа Обвинителство.
За работата на Зврлевски, за кого владата иницираше постапка за разрешување, Аневски вели дека функцијата ја извршувал перфектно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Притвор за седуммина кои криумчареле артефакти
-
Алфа: ОЈО се премисли, нема вина кај Симоновски, советникот во МВР осомничен дека предупредувал за ПИ мерки
-
ОЈО Скопје: Телата на убиените предадени на обдукција, од „Рузвелтова“ подигнати 25 чаури и траги од крв
-
Обвинителство ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени