Во напад на иранскиот парламент загинаа седум лица. На местото на настанот има и повредени. Иранските агенции наведуваат дека напаѓачите држат заложници. Напад е извршен и во мавзолејот на Хомеини.
Според последните информации, во два вооружени напада во Техеран има најмалку седум мртви. Првиот напад се случи во иранскиот парламент, кога вооружени лица отворија оган. Меѓу жртвите бил и еден член на обезбедувањето на Парламентот, на кого прво било стрелано. Според новинската агенција Фарс Спутник, ранет е уште еден член од чуварите и седум цивили.
GRAPHIC CONTENT
footage shows civilian bleeding after getting shot by terrorists #TehranTerroristAttacks pic.twitter.com/BBS2ds16kJ— Press TV (@PressTV) June 7, 2017
Иранската агенција ИРИБ објави дека се повредени двајца припадници на обезбедувањето, а државната телевизија дека се повредени осум цивили.
Според сегашните вести, кои се уште не се потврдени, станува збор за најмалку тројца напаѓачи кои упаднале во иранскиот парламент и почнале да пукаат.
Елајас Хазрати член на парламентот, за иранската новинска агенција изјави дека напаѓачите носат две пушки „калашникови” и пиштол и дека пукањето се уште се слуша.
Watch Press TV's live coverage of Tehran attacks https://t.co/D9C2YG6Ymg
— Press TV (@PressTV) June 7, 2017
Исто така, според некои извори, вооружените лица држат заложници.
Пред зградата на парламентот во Техеран има голем број на полициски и специјални сили, собрани се голем број на луѓе.
URGENT: Footage of shooting outside Parliament building in Tehran#TehranShooting pic.twitter.com/zTahtqt2CS
— Press TV (@PressTV) June 7, 2017
Вториот напад се случи во мавзолејот на поранешниот лидер ајатолахот Рухолах Хомеини. Иранската државна телевизија објави на својата веб-страница дека нападот бил извршен од четворица терористи, вклучувајќи бомбаши-самоубијци.
People gather outside Iran Parliament in central Tehran after the shooting incident #tehranshooting pic.twitter.com/OGZ90zchZS
— Press TV (@PressTV) June 7, 2017
Како што пренесува телевизијата, бомбаш-самоубиец се разнесе, а еден од напаѓачите убија стражар. По повод нападот е уапсен и една жена, пренесува АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)