| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Груевски се сретна со Жозеф Дол, претседателот на ЕПП во Брисел

Никола Груевски, лидерот на ВРМО-ДПМНЕ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол, кој е и лидер на најмногубројната политичка групација во Европскиот парламент и искрен поддржувач на Република Македонија.

Средбата Груевски – Дол е втора меѓу двајцата политичари во период од неколку месеци. Се очекува Груевски и Дол да разговараат за повеќе актуелни теми и прашања од интерес за Република Македонија и нејзините евроинтеграции.

Груевски денеска во Брисел ќе учествува и на редовниот Самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top