Никола Груевски, лидерот на ВРМО-ДПМНЕ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол, кој е и лидер на најмногубројната политичка групација во Европскиот парламент и искрен поддржувач на Република Македонија.
Средбата Груевски – Дол е втора меѓу двајцата политичари во период од неколку месеци. Се очекува Груевски и Дол да разговараат за повеќе актуелни теми и прашања од интерес за Република Македонија и нејзините евроинтеграции.
Груевски денеска во Брисел ќе учествува и на редовниот Самит на Европската народна партија, на кој учествуваат шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски