-Зошто НЕ за влез во НАТО. Прво. Не не’ сакаат. Второ, eкономскиот проблем во Македонија е преголем, за да трпи оптоварувања кои се наметнуваат со акциите за нашето приближување кон НАТО. Ќе треба ли ДДВ-то повторно да го зголемуваме? Трето. Ако НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај боже НАТО пак да ни гарантира. И четврто, она на кое сите забораваат. Ако веќе de facto изгубивме дел од територијата, барем моралот нека ни е цел. Зaшто додека парите и љубовта го вртат светот, НАТО го бомбардира.
Ова е ставот за новиот генерален секретар на новата „реформска влада“ на наводно прозападниот Зоран Заев, кој што потпомогнат однадвор создаде цела една слика која што и ден денешен се „вози“ дека владата на ВМРО-ДПМНЕ била спротивна на евроатланските интеграции.
Не е дека Заев не е свесен за овие ставови на Драги Рашковски, искажани неодамна на една од ораторските вечери на правниот факултет, каде е дотичниот е доцент. Рашковски е и многу близок соработник и личен пријател на Заев.
Еве дел од ставовите на Рашковски, кој како посочува во својот говор, се потпира „врз реалноста“.
„НАТО стана страв и трепет за сите држави кои имаат нешто вредно во себе, а немаат никој зад себе. За да се фатиме со нив на оро, ние одамна играме како што тие ни свираат. Но залудно. Не не’ сакаат. Според мене и подобро, зaшто нивната љубов убива.“
„За да го фатат Милошевиќ, ја растурија цела Србија. Бомбардираа секаде и сешто, дури и таму каде што немаше ни теоретски шанси да се наоѓа Милошевиќ. Фабрики, цивилни згради, болници, телевизии, по грешка и една амбасада, но стариот лисец постојано шеташе, па им текна да ги срушат мостовите за да не им бега. Нивната дрскост беше уште поголема со оглед ан фактот дека го заобиколија Советот за безбедност. Гласноговорниците на НАТО изјавуваа: Го бомбардираме режимот за да ги заштитиме човековите права, а не ги бомбардираме граѓаните на Југославија. Жими мене. Кој режим го најдоа во училиштата и детските градинки.“
„ Ние правевме се’ како што ни велеа. 350 000 бегалци ги ситуиравме претежно на наш грб. Не потклекнавме, единствено поради тоа што редовно не тапкаа по рамо.
„Во знак на благодарност за нашите заложби решија и нам да ни помогнат со терористите. Најчувствително место беше границата со Косово. Тие како поискусни ни ја чуваа. Од тогаш рапидно се зголеми бројот на овчарите кои ја поминуваа границата, небаре во Македонија се одржува семинар за овчари, зачестија свадбарите кои се веселат со врлање на бомби кашикари, и со пукање од автомати. Состојбата ја релаксираа со играње криенка. За да не ни биде досадно, кога ќе ги пронајдевме терористите, тие ги дислоцираа, за повторно да ги бараме. Велеа дека немало фаир плаѕ, сме мавале многу силно, а заборавија дека играме на домашен терен. За терористите имаа и храна и облека. Под тезга им даваа и оружје. Граѓаните на Куманово пак немаа ни вода за пиење, зашто не можеа да преговараат. Колебајќи се како да ги крстат на крајот решија терористите да ги викаат борци за човекови права, борци кои своите фамозни човекови права ги бараа со масакрирања војници, со палење куќи, со протерување на оние што не се нивни.“
„ Да не заборавиме. Ни ги користеа воените бази, патиштата, аеродромите, а не ни платија. Ги збогатуваа нашите езера со остатоци од радиоактивни материјали. Не претставија како земја во која малцинствата се обесправени, а во Македонија тие сами си ги создаваа правилата, Шлагот го чуваа за крај. Ни го стокмија Рамковниот договор по нивен терк, па до ден- денеска по разни институции ни праќаат експерти од оваа област за да ни го перат мозокот дека ваква РАМКА најубаво ни стои. Од нас бараа пропорционална застапеност, а во првичните напади врз Југославија од 680 авиони 500 беа американски. Е сега дали е НАТО- НАТО или е НАТО- САД, заедно со нејзиното верно островче Велика Британија. “
Но тоа не е се’. Рашковски неодамна јасно порача како прозападно би ја решил кризата во Македонија. Едноставно, со „добар ќотек“, и потоа „добро гушкање“. Всушност, тој е за типично сталинистичко превоспитување на граѓаните, за да под притисок на ќотекот и гушкањето во замена на посакуваното однесување, да се креира општество какво што Еу и САД само може да посакаат- демократско и слободно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)