Машкиот ракометен првак на Македонија, РК Вардар, ни приреди ноќ за паметење, испиша победничка страница во спортската историја во Македонија. Вторпат Македонија се искачи на европскиот трон, петнаесет години по историската победа на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров го добивме и машкиот европски ракометен првак.
За жал, овојпат немавме можност да го проследиме финалето на Плоштадот Македонија, како што го следевме пред 15 години, но затоа навивачите на Вардар и сите кои искрено му се радуваат на националниот успех го исполнија по завршувањето на натпреварот. Овојпат натпреварот се следеше во домовите, во кафулињата, а се крадеше и побрзиот сигнал на соседите.
Овие вардарови навивачи ја прославија победата благодарение на комшијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)