| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо не ви е свето: Ордановски и Героски имаат проблем со победата на Вардар

Едниот задолжен за социјалните мрежи, другиот за медиумите – и двајцата гласни викачи и поддржувачи на социјалдемократите, богато наградени од фондовите на „Отвореното општество“ – Ванчо Ордановски кој се крие зад профилот Мајндпламер, брат на соросоидот Сашо Ордановски, и Бранко Героски вечерва се најдоа повикани да ѝ се плукнат на среќата што ни ја приреди македонскиот и европски првак РК Вардар.


Со пакост и омраза, во тенденциозни коментари на социјалните мрежи Ордановски забележува дека Триумфалната капија одамна не била шарена, небаре повикува на атак за време на пречекот на шампионите, а другиот со резигнација констатира дека не гледал ракомет и не неавивал.
И не морате. Не гледајте и не навивајте! Сокријте се и ослободете простор за среќата и воздух за полните срца.

Она што е особено болно е што нивниот настап нема спортски мотив, туку политички. Не се разочарани Ордановски и Героски победил Вардар, а не некој нивни фавориит, туку заспелени од политичка раипаност, без ронка национално чувство алудираат на наводното кумство меѓу сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко и досегашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Гневот дополнително им расте што и покрај „истражувачкото“ новинарство што го практикуваат, не успеаја да ги докажат тврдењата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top