Македонскиот ракометен шампион Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите и ќе се врати во Скопје побогат за 500.000 евра. Можеби оваа сума е многу мала во однос на тоа што го добиваат шампионите во фудбалот, но за поздравување е потегот на РХФ, која се обидува дополнително да ги награди и мотивира учесниците на завршниот турнир во Келн.
Самото учество на Ф4 турнирот значи дека екипата ќе заработи 100.000 евра, дури и да го освои четвртото место. Победникот во „малото финале“ во мечот за бронза ќе добие 150.000 евра.
Двојно повисоки награди има за тие што ќе играат во финалето. Европскиот вицепрвак ќе добие 250.000 евра, а на сметката на првакот ќе легнат 500.000 евра.
За многу тимови тоа се годишните буџети, а за некои екипи годишната плата на само еден или двајца играчи. Долги години клубовите бараат таа парична награда да биде зголемена бидејќи клубовите, освен сатисфакцијата, повеќе трошат околку што заработуваат.
Засега ЕХФ не планира промена, но притисокот е константен и веројатно ќе вроди плод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.