Веспрем со убедливи 34:30 ја победи Барселона и го освои третото место на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите кој се одржува во Келн.
Веспрем и Барселона одиграа ефикасен натпреварот во кој на крајот славеше унгарскиот шампион со четири голови разлика и го освои третото место.
Барселона беше најдобра во групната фаза од Лигата на шампионите, но тимот на Кире Лазаров и Борко Ристовски доживеа два порази во Келн.
За разлика од синоќешните натпревари, на овој меч одбраните ја немаа таа цврстина поради помалата важност, па беа постигнати дури 64 голови.
Натпреварот беше изедначен во најголемиот дел, двете екипи се менуваа во водство, Веспрем почна да се одлепува во последните петнаесетина минути од дуелот и на крајот создаде предност која беше недостижна за Барса.
Најефикасен во тимот на Веспрем беше Палмарсон со осум голови, по шест постигнаа Наџ, Угалде и Лекаи. Кај Барселона Нгосан постигна шест голови, Кире Лазаров три.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.