| четврток, 6 декември 2018 |

Писателската асоцијација во чест на Кочо Рацин

Друштвото на писателите на Македонија и оваа година ќе му оддаде почит на големиот македонски поет Кочо Рацин, основоположник на современата македонска литература, синоним на револуционерното и творечко дејствување во борбата против фашизмот за слобода на својот народ.

Делегација на ДПМ на 9 јуни во 20 часот во Спомен костурницата во Велес, ќе положи свежо цвеќе во чест на Кочо Рацин. Традиционалната Беседа за Рацин на годинашните Рацинови средби ќе ја има водачот на делегација на македонската писателска асоцијација, проф д-р Мишел Павловски.

На меѓународниот поетски митинг, што ќе се одржи на големата сцена во театарот „Џинот“ во Велес, на 9 јуни во 21 и 30 часот, во рамките на Рациновите средби, ќе настапат поетите на ДПМ: Игор Крајчев, Олга Панкина, Филип Клетников, Мирјана Тренчева и Александра Велинова.

Претставници на ДПМ, на денот на погибијата на Кочо Рацин, 13 јуни, на местото на трагичниот настан Лопушник, ќе читаат стихови посветени на поетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top