| четврток, 6 декември 2018 |

Редок феномен: Цунами на плажа во Европа (видео)

Преплашените туристи гледале од хотелот во близина како водата ја преплавува плажата во Зандворт во Холандија. Се смета дека тоа што некои од нив го снимиле, додека ги турка чадорите и лежалките, е мини цунами.

За среќа, додека беснеело цунамито, никој не бил повреден, но причинета била материјална штета.

Според првобитните извештаи, средно висок бран се приближувал кон брегот, а неговата висина изнесувала нешто повеќе од 2 метри.

Според зборовите на асистентот кој работи во павилјонот на плажата, го разбудил силен ветер, а набрзо забележал дека неколку лежалки се веќе во морето. Во рок од 5 минути, ветерот го однел целиот инвентар од плажата, кој не бил прицврстен.

Мажот на снимката неколку пати повторува, „цунами, цунами”, како да е шокиран од тоа што го гледа хаосот кој се одвива пред негови очи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top