Телевизиската водителка од “NBC”, Меган Кели, која била модератор на пленарното заседание на Петербуршкиот меѓународен економски форум, се обидела да “ја расчисти” приказната за митските руски хакери кои наводно влијаеле на изборите за претседател на САД минатата есен.
Таа седум пати го прашала претседателот на Русија, Владимир Путин, во врска со оваа тема, формулирајќи ги прашањата на различни начини. Рускиот лидер ги издржал “нападите” на 46-годишната Американка.
Кели прво ја интересирало мислењето на Путин за извештаите на американските специјални служби од кои увидела дека Москва учествувала во сајбер-напади кои влијаеле на победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори.
-А дали вие сте ги прочитале овие извештаи?, го интересирало рускиот претседател, на што целата салата изреагирала со смеење.
Убавата русокоса одговорила дека ја читала „јавната верзија”. Рускиот претседател потоа ги споредил обвинувањата на сметка на Москва со сцената со копчиња и јакна од познатиот филм “Луѓе и манекени” од 1974. година, во кој игра актерот Аркадиј Рајкин. Путин констатирал дека јавната верзија на извештајот, всушност, нема содржина.
Тој нагласил дека во тие извештаи нема ништо конкретно, дека нема предмет за анализа. Путин уште еднаш ја прашал Кели дали ги читала документите, а на нејзината насмевка и молчење одговорил со: “Значи не сте ги читале. Јас ги читав. Ги читав тие извештаи. Во нив нема ништо конкретно, само претпоставки и заклучоци на основа на претпоставки”, рекол тој. “Како зборуваа на едно место на кое работев: Адреси, појавувања, презимиња дајте. Каде е сето тоа?”, се запрашал Путин.
Кога Кели повторно соопштила дека постојат докази за вмешаноста на Русија во сајбер нападите и некакви отпечатоци кои хакерите го иставиле зад себе, претседателот и објаснил дека со помош на современата технологија може за хакерски напад да се обвини и 3-годишната ќерка на модераторот на дискусијата. “Отпечатоци од копита, рогови? Какви отпечатоци? Престанете”, рекол Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)