| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобилот во кој загина Принцезата Дијана бил репариран автомобил

Вработените во Парис Ритз ги игнорирале предупредувањата дека тој автомобил не е сигурен за употреба. Автомобилот претходно учествувал со сообраќајна незгода и бил многу оштетен бидејќи се превртел неколку пати при сударот со друг автомобил.

Автомобилот смеел само да се движи со брзина од 50 километри на час бидејќи при поголема брзина доколку би дошло до судар патниците би имале сериозни повреди па би можело да настане и смрт.

Автомобилот требал да се однесе на отпад за да се рециклира но одлуката се сменила и менаџерите од компанијата која ги изнајмува автомобилите на хотелот одлучиле да го репарираат автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top