| четврток, 6 декември 2018 |

Итно опериран: Бившиот љубовник на леди Ди се бори за живот

Пред операцијата докторите не му давале големи шанси да преживее, но според најновите информации, љубовникот на леди Дајана заздравува. Хјуит моментално живее со мајка му.

Поранешниот британски офицер, 59-годишниот Џејмс Хјуит имал срцев и мозочен удар, па во саботата бил итно опериран.

Пред операцијата докторите не му давале поголеми шанси да преживее, но според најновите информација, љубовникот на починатата леди Ди заздравува. Хјуит моментално живее со својата мајка.

Хјуит пред две недели почнал да им се жали на своите пријатели дека не се чувствува добро. Една недела пред тоа даде интервју во кое ги демантираше тврдењата дека тој е татко на принцот Хари.

-Тоа се трачеви кои ги продаваат веснците. Едно момче, него тоа му падна потешко отколку на мене, кажа тој и додаде дека тие гласини не може да бидат точни затоа што тие биле во врска по раѓањето на Хари.

Аферата со принцезата Дајана траела пет години, а тие се запознале во 1986 година во Лондон. Хјуит ѝбил учител по јавање на покојната принцеза, а таа романсата ја призна во 1995 година во интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top