Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, од лето се сели во Романија. По завршувањето на двегодишниот договор со португалската Бенфика, Митревски реши да ја продолжи интернационалната кариера и потпиша на две години со тимот на Констанца.
Иако беше поскауван и од матичниот клуб Пелистер, Митревски нема да се врати во македонскиот шампионат. Сепак голманот нема да има соиграч од Македонија во Констанца, бидејќи Бранко Ангеловски реши да стави крај на својата играчка кариера и нема да го продолжи договорот со Констанца. Клубот веќе го најави неговиот последен натпревар во кариерата.
Со доаѓањето на Митревски во Констанца, македонската колонија во Романија нема да се зголеми. Ангеловски ќе ја заврши кариерата, а дел од останатите македонски интернационалци Филип Лазаров и Златко Даскаловски од Темишвар, Гоце Ојлески, Горан Кузмановски и Милорад Кукоски, како и Гоце Георгиевски од ЧСМ, на лето ќе имаат нови клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.