| четврток, 6 декември 2018 |

Што откри, а таа не сакаше да се знае Инстаграм профилот на Иванка Трамп (Видео)

Иванка Трамп, најстарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, која заедно со сопругот Џеред Кушнер се советници во Белата куќа се пред нов скандал. Тие добија големи критики бидејќи во пријавите за имот не ги навеле вредните уметнички дела и слики кои ги поседуваат.

Благодарение на сликите објавени на Инстаграм профилот на Иванка Трамп се открива дека во домот имаат голема уметничка колекција каде едно дело достигнува вредност од околу 500 илјади долари, а вкупна вредност има сигурно над десетина милиони.

Затоа адвокатскиот тим на Иванка и Џеред посочи дека ќе изработат нова имотна пријава во која ќе бидат наведени уметничките дела, но не како инвестициски предмети кои може да бидат продадени за високи суми, туку како украси за домот, што секако не е прифатливо за критичарите на Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top